Родители го тужеле синот оти не сакал да се исели од дома

Кристина и Марк Ротондо го тужат својот 30-годишен син Мајкл оти не сакал да се исели од куќата и да живее сам. Тие му испратиле пет писма со кои го известиле дека мора да се исели, ама тој одбива тоа да го направи тврдејќи дека „не го известиле навреме”.

Судските документи покажуваат дека Мајкл не плаќа станарина и не помага во домашните работи, а ја одбил и понудата на неговите родители да му ја платат преселбата.

Откако ги разгледал аргументите на двете страни, судот наредил Мајкл да биде исфрлен од куќата.

Scroll to Top