Русин го тужи „Епл“ зошто тврди дека „Ајфонот“ го претворил во геј

Русин покренал тужба против „Епл“ и тврди дека апликација од „ајфон“ го претворила во хомосексуалец. Тој вели дека ова е поврзано со виртуелната валута ГејКоин. Русинот тврдејќи дека претрпил морална штета, сега бара отштета од еден милион рубли или тоа се 12.000 фунти,  стои во тужбата што ја има видено агенцијата АФП.

Тој тврди дека сѐ почнало кога место нарачаните биткоини, преку апликација му пристигнала криптовалута наречена ГејКоин, што било проследено со пораката „Не осудувај додека не пробаш“.

„Помислив, тоа е навистина така. Затоа решив да пробам истополов секс. Сега имам дечко и не знам како тоа да им го објаснам на моите родители“, се вели во тужбата поднесена на 20 септември.

„Животот оттогаш ми се смени на полошо и никогаш повторно нема да бидам нормален. ‘Епл‘ ме натера на хомосексуалност преку манипулација“, додава Русинот. Првото сослушување на суд е закажано за 17 октомври.

Scroll to Top