Руските пранкери ја измамија Моника Левински ѝ се претставиле како Грета Тунберг

Руските пранкери Владимир Кузњецов (Вован) и Алексеј Столјаров (Лексус) се пошегуваа со поранешната приправничка во Белата куќа, Моника Левински.

Вован и Лексус ѝ се претставиле на Моника како шведската активистка Грета Тунберг и нејзиниот татко. Тие ја пофалиле Левински за нејзините напори во борбата против злоставувањата и се пожалиле на големиот број на лоши коментари кои таа ги добила преку социјалните мрежи.

Левинска била жртва на напади по сексуалниот скандал со поранешниот американски претседател Бил Клинтон. Сега таа ги советувала пранкерите, за кои мислела дека се Грета, да се откажат од одредени клучни зборови и на тој начин да ги отстранат сите навредливи твитови од публиката.

Пранкерите го спомнале и украинскиот претседател Владимир Зеленски, за кого велат дека во нивната земја исто така го нарекувале „Моника Зеленски“, особено по разговорот со Доналд Трамп, разговор кој подоцна допринесол и за покренување на импичмент на американскиот претседател.

Моника се согласила дека тоа е класичен пример на злоставување во политиката.

„Секако дека ме погодуваат таквите работи, но некако навикнав на сето тоа, што е навистина жалосно“, изјавила Моника.

„Твитувам и ретвитувам голем број политички изјави, но и понатаму не сакам да давам многу интервјуа и навистина се обидувам да се држам подалеку од политиката“, изјавила Левински.

Пранкерите ја излажале Моника и за фиктивниот разговор кој Грета го имала со Доналд Трамп, а кој наводно се случил во Обединетите нации на непостоечкиот самит за климата, како и во Њујорк во септември 2019 година.
„Трамп ми се доближи и ми шепна да бегам подалеку ако не сакам да завршам како Моника Левински“, се пошегувале пранкерите со Моника.
Пранкерите разговарале со Моника и на темата за бомбардирањето на Југославија, а исто така ѝ го честитаа и нејзиниот 47 роденден, кој таа го прослави во четвртокот.
Руските пранкери се познати по нивните телефонски разговори и измами со голем број на познати светски личности. Тие им се претставувале како полскиот претседател, генералниот секретар на Обединетите Нации, а сега го искористија и ликот на шведската тинејџерка Грета Тунберг.

 

Scroll to Top