Се изнајмува стан само за крстени и за девојки што не планираат секс пред бракот

Во хрватска група за изнајмување недвижнини, се појави оглас кој за кратко време стана хит на социјалните мрежи.

Една жена објави дека издава гарсоњера во квартот Дубрава во Загреб. Но од идните станари побара куп бизарни услови кои тие мора да ги исполнат. Таа во својот оглас наведе дека бара од идниот станар да донесе потврда дека ги има примено сите сакраменти и да е припадник на католичката вера. Исто така нагласи дека предност имаат оние кои се во брак, но може и млад брачен пар кој ќе се воздржи да нема односи пред бракот.

Останатите членови веднаш почнаа да се шегуваат со неа, не можејќи да сфатат дали овој оглас е реален или се работи за некаква шега. Некои од корисниците признаа дека ѝ го разгледувале профилот и се уверени дека жената е искрена во своите намери.

„Ги имам примено сите сакраменти, но сум разведена. Може ли да поминам?“, напиша една од Фејбук корисничките.

„Уште да воведе и Светата инквизиција“, напиша друг.

Scroll to Top