Се маскирал во девојка и за малку ќе ја освоел титулата мис Казахстан

Ели Дијагхилев, 22-годишен манекен од Казахстан, покажал дека благодарение на шминката, стилистите и фотошопот може да постигне сè, па да биде избран и за мис на Казахстан. Тој се пријавил на изборот за убавина во својата земја и се претставил како Арина Алијева.

По влегувањето во финалето на изборот, открил дека е момче. Кога го открил вистинскиот идентитет, Ели рекол дека се пријавил на натпреварувањето за да им докаже на своите пријатели дека и мажите може да поминат на избор за мис, дури и да победат.

Scroll to Top