Се збуниле – 11.000 луѓе гледале погрешен меч од финалето меѓу ПСЖ и Баерн Минхен

Во неделата Баерн Минхен славеше против тимот на ПСЖ во финалето од Лигата на шампионите и ја освои европата титула. Голот на Кинглси Коман беше доволен за „баварците“ да дојдат до триумф.

Натпреварот привлече големо внимание, а луѓето на секој начин се обидуваа да дојдат до преносот. Повеќето бараа „стримови“ на интернет, но некои од нив се изгореа.

Имено, на еден јутјуб-канал наводно бил емитуван пренос во живо од натпреварот од финалето на Лигата на шампионите и навистина на програмата играле Баерн и ПСЖ, но проблемот бил во тоа што тоа бил натпревар од 2017 година, а некои од гледачите не ја забележале разликата.

11.000 луѓе го следеле преносот во живо. Во прашање бил мечот од групата Б, а и тогаш тимот од Минхен беше подобар совладувајќи го противникот од Париз со 3:1.

Scroll to Top