(Фото) „Шарли Ебдо“ се потсмева со Меси, Катар и Талибанците

Контроверзниот француски сатиричен магазин „Шарли Ебдо“ излезе со насловна страна со која му се потсмева на фудбалерот на Пари Сен-Жермен, Лионел Меси.

Тие успеаа да го поврзат пристигнувањето на Меси во францускиот тим и катарските газди, со талибанското преземање на Авганистан. На насловната страна се нацртани три жени со бурки, кои на грбот го носат бројот 30, истиот број кој Меси ќе го носи на дресот во следната сезона.

Уредниците на „Шарли Ебдо“ со оваа насловна сакаат да порачааат дека Талибанците се полоши отколку што се мислело на почетокот. Ова е коментар на хаотичното преземање на власта на Талибанците во Авганистан, нивното однесување кон жените, но и катарските газди.

Политичките претставници на Талибанците беа сместени токму во оваа земја пред да се вратат во Авганистан. Катар исто така е домаќин на Светското првенство во фудбал следната година.

Scroll to Top