Во еден скопски ресторан има интересна понуда на десерти. Фотографијата на која е понудата од слатки предизвика расположение на социјалните мрежи, ама и бујна фантазија. На менито има од се по нешто. Од шармантната Мими, до привлечната Стефанија, префинетата Марта и величенствената Вики. Но, она што предизвика реакција кај следбениците на социјалните мрежи е „шеќерната Ивона“. Од тука тргнаа шегите, дека ова може би е омилениот десерт на новинарката Ивона Талевска, која деновиве е во центарот на вниманието во медиумите . Твтитерџиите со шеги на нејзина сметка па на шега можеше да се најде и дека „се продава шеќерна Ивона за 120 денари„.