Со легендарниот „стокец“ накај Јадранско море: Жител на Копривница стана хит на автопатот во Хрватска

Натоварен стокец кој вози кон Јадранското море осамна на босанскиот портал Bjelovar.liive,  и разбуди еден куп спомени кај сите оние кои навистина некогаш патува вака на море. Фотографијата ја испратил читател, а ја направил на автопат, додека возел кон Јадранското Море.

На фотката е некогаш најпопуларниот автомобил Застава 101, со регистрација од Копривница. Натоварен со плафон, вози кон својата дестинација. И, да ова навистина беше вообичаена глетка  во времето на СФРЈ, пред 40. години, кога жителите на југословенските републики вака товарени возеа по Јадранската магистрала за да стигнат на летување.

Фотографијата разбуди носталгијата по едни убави времиња во целиот регион, а луѓето почнаа да ја споделуваат, сеќавајќи се како се одело на летување во ’80-тите години.

„Убави времиња, браво за сопственикот на возилото“, „Чувајте ја оваа легенда”, “Кој“,„Кој не возел „стокец“ не знае што пропуштил“.

Автомобилот, кој денес е класика веќе не се произведува. Во 1972 година чинел 2000 долари, а според денешната вредност тоа е околу 11.000 евра. Последната Застава 101 е произведена во 2008 година 

Scroll to Top