Со недели не можел да си го најде автомобилот бидејќи заборавил каде го паркирал

Германец во гратчето Оснабрик, кое се наоѓа по должината на границата со Холандија, три недели не можел да си го пронајде својот автомобил. Неговата ќерка вели дека откако заминал на состанок, тој заборавил потоа каде го паркирал.

„Не знам ниту колку пати бевме во Оснабрик и го баравме автомобилот“, изјавила таа во средата.

Тие живеат во градот Бентхајм во Долна Саксонија. На 3 февруари човекот отишол на состанок во Оснабрик, гратче со речиси 165.000 жители. Кога завршил состанокот, тој не можел да се сети каде го паркирал. Немал билет, а рампата била отворена и уредот за издавање картички не работел.

Три недели со ќерка му ги пребарале речиси сите гаражи во градот. Имало само 15 во центарот. На крајот стапиле во контакт со медиумите и еден од граѓаните пријавил дека го пронашол нивното возило. Автомобилот се наоѓал во хотелската гаража во центарот на градот.

Scroll to Top