Струмичанка ствила отров во кафето за да си го убие мажот

Една жена од  село Иловица, струмичко, се обидела на подмолен начин да го лиши од живот нејзиниот сопруг. Кога сопругот побарал да му свари кафе, таа во филџанот ставила течно средство хербицид, го помешала со кафето и му го дала да го испие. Мажот го испил кафето, излегол во дворот и паднал во бессознание.Основното јавно обвинителство Струмица спроведува истражна постапка против жена која е осомничена за обид за убиство, и која го труела сопругот во семејниот дом.  Одредена е мерка притвор за осомничената во траење од 30 дена.

 

Scroll to Top