Три дена лежење и награда од 300 евра, кој нема да издржи ќе си ги плати храната и сместувањето: Црна Гора има хит натпревар

Како шега, воедно и одговор на стереотипите за Црногорците, веќе неколку години во оваа земја се организира натпревар во лежење. Организатор е Етно село Монтенегро, но годинава поради пандемијата натпреварот ќе има поинаков формат.

Натпреварот  ќе се одржи во изолација, односно секој натпреварувач ќе биде сам во колибата без ТВ и телефон.

Храна, вода за пиење, како и сместување ќе бидат обезбедени за седум дена, а на натпреварувачите нема да им биде дозволено да одат никаде за време на натпреварот, ниту да користат  какви било пороци, сами ќе си ја одржуваат и хигиената во сместувањето.

 

Како што е напишано во објавата на социјалните медиуми, „Нема телефон, телевизија и пороци како тутун, алкохол и сл. Дозволени се книги, како и цртање. Дозволено е сè што е здраво за душата на еден човек“.

Наградата за првото место е 300 евра, а кој нема успее да издржи три дена или повеќе, ќе мора да плати за сè – храна и сместување, во износ од 105 евра.

 

Scroll to Top