На грчкиот остров Родос, уапсен е 49 годишен поп кој на естонски турист му го осветил пенисот со масло. Попот од Родос е обвинет дека на 30 годишниот маж му го нарушил сексуалното достоинство.
Туристот бил во посета на манастир во јужниот дел на островот, каде што го запознал свештеникот. Му рекол дека купил крст, но не знаел каде го оставил, а по некое време, попот го известил по телефон дека го пронашол, објави локалниот весник „Димократики“.
Кога се вратил во манастирот следното утро, попот го поканил во собата каде што вообичаено примал посетители со цел да му даде специјален подарок, а потоа побарал да се соблече за да го освети со масло.
Туристот рекол дека неколку секунди му го мачкал пенисот со маслото и не се побунил зашто мислел дека тоа е нормална процедура. Подоцна поднесол пријава во полиција, по што попот бил приведен. Попот во полиција се бранел дека го употребил маслото зашто туристот имал осип.