Уморно од исмевањата на туристите, селото Фукинг го промени името по 1.000 години

Австриското село Фукинг (Fucking) конечно ќе се ослободи од своето несреќно име, поради кое најчесто ги привлекуваше туристите. Градоначалничката Андреа Холцнер изјави дека името ќе биде променето во Фугинг (Fugging) на 1 јануари 2021.

„Можам да потврдам дека името на селото е променето. Не сакам ништо повеќе да додадам, имавме доста медиумско лудило во минатото“, изјави Холцнер.

Селото со околу 100 жители во Горна Австрија долго време се залагаше за промена на името, кое датира уште од 11 век и на германски нема никакво значење. Но, локалните жители станале фрустрирани од туристите, кои се фотографирале покрај знаците, а плус им ги краделе.

Селото кое се наоѓа северно од Салцбург, во близина на германската граница, беше непознато за светот и водеше мирен живот сè додека не се појави на интернет, каде што редовно се вклучуваше на листите на местата со најсмешни имиња.

„Доста ни беше од посетители и од нивните лоши шеги“, кажаа жителите.

Scroll to Top