Веганка ги пријавила пријателите во полиција оти ѝ дале да јаде месо додека била пијана

24- годишна девојка, која е веганка веќе 10 години, а месо не јаде од својата трета година, ги пријавила пријателите во полиција откако открила дека ѝ давала да јаде пилешко месо додека била пијана. Таа во полицијата рекла дека нејзиното веганство не било тајна па мислела дека пријателите ќе го почитуваат нејзиниот избор. Но нејзините пријатели помислиле дека би било смешно да ѝ подметнат месо.

„Открив што направиле утредента кога сестра ми ми прати порака да погледнам едно стори на ‘Снепчет’. Тие покажуваат пакување пилешки медаљони, а потоа ми ги даваат да ги јадам“, рекла таа.

На видео-снимките се слушало како девојката ги прашува своите пријатели дали храната што ѝ ја даваат е веганска, а тие ѝ потврдиле. Девојката одлучила видео снимката да ја однесе како доказ во полиција. Таа рекла дека иако повеќето сметаат дека нејзината реакција е претерана оти се работи само за шега, според неа, нејзините пријатели ја преминале границата и не ѝ се вистински пријатели.

 

Scroll to Top