(Видео) 82 годишна баба претепала крадец

Осумдесет и двегодишната Вили Марфи од Рочестер, Њујорк, претепала крадец кој провалил во нејзиниот дом. Таа вели дека немилиот настан се случил во четвртокот вечерта кога слушнала како некој чука и моли на нејзината влезна врата.

Откако не го примила, крадецот ја обил вратата и насилно влегол внатре.

„Може сум стара, но сум цврста. Тој избра погрешна куќа за да провали“, се пошегувала Марфи која на новинарите им ги покажала мускулите.

Марфи во минатото била позната бодибилдерка која има освоено многу награди. Таа вели дека и покрај тоа што е влезена во деветтата деценија од животот, секојдневно вежба во вежбална. Крадецот го претепала со неколку предмети кои и се нашле при рака.

Вели дека ја скршила масата од него, а кога го соборила продолжила да го удира со нозете. Од кујната земала шампон за бебиња и го испрскала во лицето додека тој се обидува да стане и да се соземе.

Потоа со метлата почнала да го удира неколку пати. Додека се обидувала да ги истера од куќата, пристигнала полицијата која веднаш го привела.

Scroll to Top