(Видео) Американски водител се напи за Нова година, па колегата мораше да го смирува за време на директниот пренос

Познатиот американски водител, Енди Коен, испи повеќе од потребното за време на новогодишниот пренос на „Си-ен-ен“, па се појави пијан во новогодишната програма. Тој почна да го критикува поранешниот градоначалник на Њујорк, Бил де Блазио.

Неговиот колега Андерсон Купер се обидуваше да го замолчи, но, безуспешно. Коен во новогодишната емисија рече што мисли за Блазио.

„Тој си го одработи победничкиот танц и имаше најлош мандат како градоначалник. Единствена работа околу која можат да се согласат демократите и републиканците е тоа колку ужасен градоначалник беше тој. Сајанора“, рече Коен.

На „Твитер“ се појавија поделени мислења. Едни беа одушевени што Коен го критикуваше Блазио, а други рекоа дека тоа е неприфатливо однесување на едне водител.

Инаку Коен заборави дека Блазио не го водеше градот Њурјок 4 години, туку 8.

Scroll to Top