Босанскиот фудбалер Миралем Пјаниќ, кој оваа сезона ќе игра за „Барселона“, по карантинот неодамна првпат се прошета низ градот. Тој потоа на „Твитер“ објави видео на кое слуша песна од Аца Лукас пуштена до даска додека се вози низ улиците на Барселона. Видеото предизвика различни реакции на социјалните мрежи, но фановите се пошегуваа дека ако го пушта Лукас и во соблекувалната, сигурно ќе го збесне Меси.
Пјаниќ од оваа сезона ќе игра за „Барселона“, а во каталонскиот клуб дојде од „Јувентус“. Тој две недели беше во карантин, а сега почна да тренира со фудбалерите на „Барса“. Се очекува следниот викенд тој првпат да заигра за новиот клуб.
Pjanić uživa u pjesmi Ace Lukasa pic.twitter.com/bXWCBGaKcu
— SportTime (@SportTi43915378) September 23, 2020