(Видео) Бајден пак падна додека се качуваше по скалите на претседателскиот авион

Американскиот претседател Џо Бајден (80) пак се сопна и падна додека се качуваше по скалите на претседателскиот авион. Тој беше на тридневно патување во Европа, а го посети Украина и Полска. Неговиот пад го снимија камерите, па видеото пак се споделува на интернет.

Бајден изненади во понеделникот кога се појави во Киев и се сретна со украинскиот претседател Зеленски. Тој имаше таен лет од заедничката база Ендрјус, преку Германија, до Полска, а потоа 10 часа се возеше во воз преку границата кон Украина.

Американскиот претседател неколку пати до сега падна по скалите Air Force One. Првпат тоа беше во март 2021 година, два месеца по неговата инаугурација. Тој лани во јуни падна од својот велосипед додека го поминуваше викендот на плажата Рехобот, Делавер.

Scroll to Top