(Видео) Бајден пак се сопна додека беше на скалите на претседателскиот авион

Претседателот Џо Бајден е познат по честите гафови, дезориентираност, но и падови. Тој повторно се сопна додека се качуваше на претседателскиот авион за летот од Делавер кон Алабама.

Бајден го посети градот Селма, за да ја одбележи 58 годишнината од маршот за човекови права. Досега најмногу го паметат по падот во март 2021 година, кога неколку пати се сопнуваше по скалите на авионот.

Затоа често е на мета на критики на републиканците кои сметаат дека не е способен ни ментално и физички да ја води земјата. Неговата сопруга Џил пред неколку дена го нарече предлогот на републиканскиот кандидат Ник Хејли за смешен.

Хејли предложи сите политичари постари од 75 години, да полагаат тест за ментална способност.

„Предлогот на Хејли за тестирање на менталната способност е смешен. Со сопругот никогаш не сме ни разговарале за нешто такво“, рече Џил.

За потсетување, Бајден се очекува повторно да се кандидира на претседателските избори, а во случај да победи на изборите во 2024 година, ќе има 82 години на инаугурацијата.

Scroll to Top