(Видео) Бајден пак се сопна додека се качуваше по скали во авион

Џо Бајден вчера повторно се сопна додека се качуваше на својот претседателски авион „Ер форс 1“ на аеродромот во Хелсинки во Финска. 80-годишниот Бајден за малку ќе паднеше по скалите откако направи погрешен чекор, пишува „Њујорк пост“.

Портпаролката на Белата куќа, Карин Жан-Пјер, рече дека не знаела за одлуките за тоа кои скали Бајден ќе ги користи кога ќе се качува во авионот. Претходните претседатели ги користеа пократките скали само во случај на лошо време.

Неговиот лекар, Кевин О’Конор, рече дека имал проблеми со одењето поради артритис на ‘рбетот и благ артритис и блага сензорна периферна невропатија во стапалата.

Најстариот претседател во историјата на САД вчера ја напушти Европа по една недела полна со гафови, во кои исландската премиерка Катрин Јакобсдотир ја нарече ирска ќерка, украинскиот претседател Володимир Зеленски го нарече Владимир и ја прескокна воведната вечера на самитот.

За потсетување, минатиот месец се повреди во Колорадо, откако се сопна од вреќа со песок за време на церемонијата.

Scroll to Top