(Видео) Бајден, по говорот, се збуни и не можеше да го најде излезот на сцената

Американскиот претседател Џо Бајден повторно направи гаф во Питсбург и ги насмеа фановите. Откако заврши со говорот, за момент се изгуби и не можеше да го најде излезот на сцена. Настанот се случи во четвртокто, а го сними телевизијата „Фокс њуз“.

Бајден зборуваше за изградбата и обновата на инфраструктурата ширум земјата ѝ им се обрати на гласачите од местото каде пред речиси девет месеци се сруши мостот во кој беа повредени десет лица. На крајот на говорот Бајден се оддалечи од подиумот и се сврте во спротивен правец од скалите.

Неколку моменти подоцна збунето гледаше околу себе и гестикулираше. Потоа се сврте и побрза кон излезот. За потсетување, ова не е негов прв гаф. Претходно во септември, во се изгуби во библиотеката „Кенеди“.

Бајден оваа година ќе полни 80 години, а критичарите постојано го обвинуваат за менталниот пад, наведувајќи ги неговите чести гафови во јавност.

Scroll to Top