(Видео) Бајден ѝ рече на млада девојка да нема сериозна врска додека не наполни 30 години

Претседателот на САД, Џо Бајден ѝ порача на млада девојка да нема сериозна врска додека не наполни 30 години. Бајден повторно направи шоу за време на посетата на колеџот Ирвин Вали во Калифорнија.

„До 30-та нема сериозни дечковци, ова е совет што им го дадов и на моите ќерки и внуки“, ѝ рече Бајден на девојката, која пак му одговори дека ќе го има тоа на ум.

Претходно додека се фотографираше ѝ ја мирисаше и косата. Видеото го сними репортерот Кајлен Д’алмеида, кој потоа го објави и на „Твитер“. Еден од агентите се обиде да го спречи додека снима. Потегот на Бајден покрена голем број коментари на социјалните мрежи.

Scroll to Top