Американскиот претседател Џо Бајден, повторно ја насмеа јавноста со неговото однесување. Овој пат направи нов гаф во Белата куќа, откако се изгуби во дворот. Претседателот на момент изгледаше збунет и изгубен, па мораше помошниците да му покажат каде да оди и да го вратат во Белата куќа.
„Навака, господине“, му рече еден од чуварите откако го засади дрвце на јужниот тревник.
„Мислев дека одиме на другата страна“, му одговори Бајден.
За потсетување, Бајден и претходно се најде во неколку непријатни ситуации во изминатите месеци. Прво се изгуби на сцена за време на говорот на конференцијата на Глобалниот фонд, а потоа ја повика конгресменката од Индијана која загина во сообраќајна несреќа уште во август.
И покрај големиот број гафови, Бајден ги отфрли тврдењата дека е стар и неподобен за повторно да се кандидира за претседател во 2024 година.