(Видео) Бекам го прашува Роналдо како стои со англискиот јазик

Поранешните фудбалски легенди и играчи на Реал Мадрид, Дејвид Бекам, Роналдо, Луис Фиго, Роберто Карлос и Икер Касилјас во периодот додека се во изолација во своите домови, контактираа преку видео линк и се потсетија на старите добри времиња.

Најинтересен беше разговорот меѓу Бразилецот Роналдо и Дејвид Бекам. Поранешниот англиски капитен го праша Роналдо како стои со англискиот јазик, на што овој му одговори дека не е баш најдобар, но со чаша вино, може да се подобри. Двајцата поранешни галактикоси, играа за Реал Мадрид во периодот од 2003 до 2007 година.

Scroll to Top