(Видео) Белгиска министерка стана хит поради нејзината маска

Белгиската министерка за здравство, Меги де Блок,го украде вниманието на социјалните мрежи поради маската со која дојде во парламентот. Таа на маската го испечатила својот лик.

Де Блок фотографијата со нејзината маска ја објавила на „Твитер“ и напишала дека целиот приход од ваквите нејзини испечатени маски ќе ги даде во добротворни цели.

Во Белгија од саботата е донесена одлука за задолжително носење маски во затворени простори, вклучувајќи ги и продавниците, кината и музеите.

Scroll to Top