(Видео) Бетмен неуспешно се обиде да реши полициски случај

Маж облечен во костимот на Бетмен во Британска Колумбија, во Канада се обидел да им помогне на полицијата во разрешување на еден случај со семејно насилство. Полицијата ја одби неговата помош, а настанот го снимила Мелиса Парент, девојка која се нашла случајно на местото на настанот.

Таа вели дека Бетмен прво го паркирал својот „бетмобил“ пред куќата каде се одвивала целата акција, а потоа им се понудил на помош на полициските служби.

„Се враќавме од куќата од кај наши пријатели, кога полициско возило застана пред нас и ни го блокираше патот. Зад него стигнаа уште пет полициски возила, кои се паркираа на пристојна оддалеченост, за да ја следат целата ситуација. Оддеднаш полицајците извлекоа пиштоли, а тогаш од никаде се појави Бетмен. Го паркираше својот „Доџ“ камионет пред нас и се пушти во акција“, раскажува Мелиса.

По Мелиса се огласила и полицијата:

„Ситуации како овие се динамични и сè се случува многу брзо. Присутноста на Бетмен или кој било друг е дистракција и блесав начин за да се доведат работите во уште поризична ситација“, стои во соопштението на полицијата.

 

 

Scroll to Top