(Видео) Бизон се спаси од гладната хиена

Во африканскиот национален парк Кругер во Јужна Африка, група туристи за време на ноќните часови успеаа да снимат битка помеѓу бизон и хиена.

Откако успеал да се извлече од гладните лавови, исцрпениот бизон доживеа непријатно искуство, откако хиената успеа да го гризне на непријатно место.

„Овој стар бизон бил исцрпен од долгата борба со лавовите. Кога предаторите ќе нападнат, бизоните обично го повикуваат своето крдо на помош. Но, овој бизон беше осамен и успеа да ги повика само другите предатори, како гладната хиена, која се обиде да ја искористи можноста за оброк“, вели водачот во националниот парк Сиан Грин.

 

Scroll to Top