(Видео) Бобан Марјановиќ лудува на песната „Барби грл“

Центарот на Далас маверикс, Бобан Марјановиќ продолжи да ги забавува навивачите на социјалните мрежи. Српскиот кошаркар, познат и како Џинот, го украде вниманието со танц на песната „Барби грл“.

Тој танцуваше на популарната песна од деведесетите години, додека се снимаше во соблекувалната на Маверикс.

Марјановиќ вели дека строго ги почитува мерките за заштита од коронавирусот и затоа носи маска и држи растојание од своите соиграчи.

Scroll to Top