Девојка му раскинала на својот дечко по 18 годишна врска, откако го фатила како ја изневерува. Но, пред да му раскине му подготвила одмазда на нивното заедничко патување низ Европа. Не сакала да му раскине претходно, затоа што парите веќе им биле уплатени.
Девојката со корисничкото име @iknowgirl на „Тикток“ објави видео од нивното двонеделно патување и објасни како му раскинала. На секоја од пораките во видеата е потпишана со хаштаг #iknow.
„Отидовме на деветнеделно патување по Европа. Бев со дечко ми кој ме изневеруваше за време на целата наша врска, а тоа го дознав ден пред да заминеме и не сакав да ги изгубам уплатените 1000 долари“, напиша девојката на „Тикток“.
Таа на едно парче хартија напишала дека дечко ѝ често одел на патувања со другарите за да биде со други жени. Додека ги покажуваше и ја снимаше пораката, во позадина се гледа и тој како позира пред Ајфеловата кула. Немал појма дека фотографиите од најубавите места на светот му се упропастени.
„Тој не знае дека јас знам дека ме изневерува“, напишала девојката на уште едно ливче додека дечко ѝ позира пред лондонскиот Биг Бен. На последната фотографија направена пред Лондонскиот мост, девојката на белешката откри дека конечно ќе му раскине.
По нејзините огромни напори да го преживее патувањето и го разоткрие неговото неверство @iknow_girl сподели низа видеа во кој зборува за деталите околу раскинувањето.
@iknow_girl I know that cheaters always get caught no matter how much they try to cover their tracks! @Bdazzle #Iknow #cheater #cheating #serialcheater #toxic #karma #player #intuition #betrayal #secretsandlies #cheatersexposed #womenempowered #keepitinyourpants #cheatingboyfriend #fuckboy #unfaithful #redflags #deception #manipulation #sociopath #insecureman #relationships #dating #monogamy #redflags #dating101 #healing #love #greenflags #healthyrelationship #knowyourworth #therapy #selfworth #lifelesson #secureattachment #romance #traditional ♬ original sound – Bdazzle
„Дури кога стинав дома му ги испратив колажот фотографии и видеа кои ги направив заедно со долга порака во која му објаснив дека сум завршила со него“, рече девојката на крајот.
„На крајот ми остави аудио порака од 30 секунди на „Снепчет“, со извинување за тоа што ми го направи“, рече таа, а голем број корисници на социјалните мрежи ја поддржаа и ја пофалија. За нејзиното дело рекоа дека бил зрел начин на одмазда.