Две девојки облечени во бикини симулираа секс миејќи автомобил на паркингот кај салата „Борис Трајковски“ во Скопје. Видеото, кое неколку дена се врти на социјалните мрежи, предизвика големо внимание во јавноста. Девојките имаа секс-перфоманс, симулираа лезбиски секс триејќи се со сапуница и сунѓери, и сето тоа на хаубата од црвен автомобил околку кој се случуваше секс-приредбата.
Се шпекулира дека за ова добиле по 300 евра од организаторите на настанов. Едни велат дека било реклама, други, пак, секс-перформанс на јавно место за да се привлече внимание. Насобраните граѓани фотографираа со апарати и телефони, а многумина снимаа со камера. Многу негативни коментари за видеото поради тоа што во публиката имало и малолетни деца.