(Видео) Џо Бајден го помеша Доналд Трамп со Џорџ Буш

Кандидатот за американски претседател, Џозеф Бајден, направи гаф за време на еден настан за собирање пари за спроведување на неговата кампања. Тој го помеша поранешниот американски претседател Џорџ Буш со актуелниот и негов противкандидат на изборите – Доналд Трамп.

Додека одговараше на прашањата на модераторите, Џорџ Лопез и аналитичарката на Си-ен-ен, Ана Наваро, тој во еден момент изјави дека ако луѓето не гласаат за него, ги чекаат нови четири години со Џорџ Буш.

„Според мене, сите ние ќе гласаме за карактерот на земјата. Каква држава сакаме да имаме во наредните четири години. Дали сакаме уште четири години со Џорџ“, се збуни Бајден, а потоа се поправи и извини.

Со Бајден беше и неговата сопруга Џил. За потсетување, Џорџ Буш Помладиот беше претседател на САД до 2008 година. Тогаш се кандидира Барак Обама кому потпретседател му беше токму Бајден. Буш тогаш не се кандидира затоа што веќе одработи два мандата.

 

Scroll to Top