За време на видео-состанокот меѓу Џозеф Бајден и Хилари Клинтон, поранешниот потпретседател на САД, за момент ги затвори очите и делуваше како да спие. Клинтон во тие моменти зборуваше за врабтените жени.
Хилари за време на состанокот одржан пред неколку дена, му ја даде својата поддршка на Бајден. Таа за него вели ека е неверојатен демократски претседателски кандидат за изборите оваа година.
Видеото за кратко време стана популарно на социјалните мрежи, а Бајден заработи голем број шеги на своја сметка.
Joe Biden has fallen asleep listening to Hillary Clinton during his own town hall pic.twitter.com/tCfbXwezys
— Caleb Hull (@CalebJHull) April 28, 2020
„Ова е причината зошто Трамп го вика Поспаниот Џо“, „Можете ли да го обвините?“, Плус, лош тајминг, попладне е време за дремка“, „Проверете му го пулсот, Хилари има обичај тоа да им го прави на луѓето“, биле само дел од коментарите на големиот број фанови.
Додека едни се шегуваа на сметка на Бајден, други го бранеа и тврделе дека тој само гледа во своите белешки.
„Погледнете го контекстот. Се обиде да не заплаче додека Хилари зброува за неговата лична трагедија“, биле некои од коментарите во одбрана на Бајден.
Откако видеото стекна голема популарност на социјалните мрежи, се јави и коментираше и претседателот на САД, Доналд Трамп.
„Изгледа дека Бајден заспа за време на поддршката. Тој е навистина неисцрпен дар“, напиша Трамп.