Американскиот претседател Доналд Трамп ги изненади своите приврзаници на митинг во Флорида, со танцот кој го одигра на песната YMCA од групата „Вилиџ Пипл“.
Овој танц доби име MAGA танц, по кратенката на неговиот слоган Make America Great Again.
Dude has even more energy after covid. pic.twitter.com/RZ3glEdSqg
— The Columbia Bugle 🇺🇸 (@ColumbiaBugle) October 17, 2020
Предизборните митинзи на Трамп се познати по веселата атмосфера и неговите шеги, но сега на митинг во Џорџија испрати порака која не само што ги насмеа неговите приврзаници, туку истовремено и ги загрижи.
Во предизборниот говор на митинг во Џорџија, кандидатот на републиканците, испрати порака дека можеби ќе мора да ја напушти земјата, ако ги изгуби изборите од Џо Бајден.
Trump, speaking in Macon, has made amplifying a Russian disinformation campaign against the Bidens a centerpiece of his reelection rallies pic.twitter.com/XO3E9Y56BN
— Aaron Rupar (@atrupar) October 16, 2020
„Знаете што. Натпреваруваето со најлошиот претседателски кандидат во историјата ми создава притисок. Можете ли што ќе биде ако изгубам? Што тогаш би правел? Ќе мора да кажам дека изгубив од најлошиот кандидат во историјата на политката. Не би се чувствувал добро. Можеби ќе морам да ја напуштам земјата, не знам“, изајвил Трамп.
Trump mocks people for wanting to mail in their ballot during an ongoing ballot pic.twitter.com/KVVGrpBGTi
— Aaron Rupar (@atrupar) October 17, 2020
Тој порача дека повеќе нема да собира пари за кампањата за претседателските избори кој се одржуваат на 3. ноември. Според досегашните податоци, Џо Бајден собрал 383 милиони долари за кампања, додека Трамп собрал 247 милиони долари.