(Видео) Дончиќ со финтата на Џордан го прати тренерот по бурек

По разочарувачката сезона плеј-оф, Далас маверикс се подготвува за многу поголеми дострели во новата, секако, предводен од Лука Дончиќ, кој, очигледно, е расположен за игра.

Еден негов потег од тренинг на Далас ги наполни социјалните мрежи, а „жртва“ беше помошник тренерот во Далас, Дарел Армстронг, некогашен кошаркар во повеќе клубови во НБА, избран за играч со најголем напредок во 1999 година.

Армстронг се обиде да го чува Дончиќ, а овој му направи еден дриблинг со кој го собори на паркетот. Малку требаше за фановите на НБА да го споредат овој потег со славниот дриблинг на Мајкл Џордан од финалната серија со Јута, во 1998 година. Тогаш Џордан го прати на подот Бајрон Расел и погоди за победа и за титула, во тој шести натпревар.

Армстронг го сподели својот маченички случај со Дончиќ, сочувствувајќи со Расел со обвинение за фаул во напад.

„Бајрон Расел, сега знам како си се чувствувал кога Џордан те турна за кошот за победа. Фаул во напад“, се пошегува тренерот.

Scroll to Top