Видео на кое девојка од Србија во розов фустан и штикли, се качува во автобус, седнува на столче, од чантата вади ќеса со компири и почнува да ги лупи, стана хит на социјалните мрежи.
Луѓето кои се возат во истиот автобус чудно ја гледаат девојката која прави невообичаена работа додека се вози во јавен превоз.
„Дали е можно ова да се прави во јавен превоз“, напишал корисникот кој го објавил видеото.
„Дали е можно ова да е реално?!“, „Секако, печам и компири, бидејќи некои автобуси се како фурни“, „Веднаш би се оженил со неа“, „Наскоро во автобус ќе сушат месо“, се дел од коментарите.
Под видеото има и коментари, дека корисниците не веруваат дека видеото не е реално и дека е снимено само за кликови на Тик ток, но, има и такви на кои сè им било забавно, па пишуваат дека барем не фрла лушпи низ прозорецот и дека ќе има половина ручек додека да дојде дома.
Jel moguće ovo da radite u gradskom prevozu 😫 pic.twitter.com/QmTjfP1oOH
— Nina Krunić (@nina_krunic) July 11, 2023