Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ доживеа мала незгода за време на неговиот говор пред новинарите на островот во Брач. Додека зборуваше за новиот пакет мерки што го подготвува Владата, над него летаа јато гулаби, а еден од нив го погоди и му го извалка синото сако.
„Гулаб. Гледаш, ова е среќа. Ова е бел гулаб“, рече Пленковиќ додека го чистеше оделото.