(Видео) Фудбалер ја доведе мајка си да го гледа неговиот деби натпревар, но доби црвен картон за 20 секунди

Јапонскиот фудбалер, Шоја Накаџима првпат излезе на терен за својот нов клуб „Анталијаспор“, но по 20 секунди доби црвен картон. Накаџима на деби-натпреварот во Турција ги доведе својата мајка и уште неколку членови на фамилијата, тие беа на стадионот за да го гледаат како игра.

„Анталијаспор“ го загуби натпреварот 3-0, а видеото од црвениот картон на Накаџима и фотографиите од реакциите на неговата мајка станаа хит на социјалните мрежи.

„Дали е ова налошото деби во историјата на фудбалот“, коментираат на Твитер.

Scroll to Top