(Видео) Гасете интернет, Шумадинец оди во Европа

Пејачот Зоран Шумадинац се појави на „Јутјуб“ со песната „Аутотјун“. Во одело на професор и кравата, тој го изведува својот хит на сцената за време на една од новогодишните програми на телевизиите.

„Ме вика Европа, ме вика цел свет, а јас правам преокрет, а јас правам преокрет. Кога ќе уклучам аутотјун се крева прашина, сите ме викаат, ме бараат, а ти се правиш фина“, пее Шумадинац.
Пејачот веднаш стана мета на потсмев кај фејсбук корисниците.

„Врв ми беше тверкањето на Зоран”, “Некои телевизии треба да ги бомбардира НАТО превентивно”, “Име и презиме на докторот кој го пуштил надвор од установа. Па ова не е нормално“, се само дел од коментарите на споделеното видео од настапот на Шумадинац.

 

Scroll to Top