(Видео) Ги помешал сопирачката и гасот во гаража додека учел како се вози

Американецот Дејн Џонсон објавил видео на социјалните мрежи од инцидентот во својата гаража во семејниот дом во Вирџинија.

На видеото Џонсон ја снимил скршената врата од гаражата објаснувајќи дека неговиот постар син ја уништил додека му  објаснувал како се управува со автомобилот.

Неподготвеното момче го помешало педалот за сопирачка со оној за гас по што настанал инцидентот.

„Ох, Господе. Тато извини“, се слуша гласот на момчето, додека неговиот бесен родител пцуе.

Помладиот 14-годишен син на Џонсон за време на немилиот настан седел на задното седиште, но, за среќа, не дошло до никакви повреди кај ниту еден од тројцата.

Scroll to Top