Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ, кој вчера го победи Рафаел Надал во финалето на Австралија опен, направи шоу на прес-конференцијата за новинарите. Откако италијански новинар му постави прашање, тој му одговори со италијански акцент, па почна да се смее заедно со сите во салата. Ѓоковиќ потоа му се извини на новинарот, ама и тоа го направи со истиот италијански акцент.
Ѓоковиќ е познат како најголем шоумен меѓу тенисерите. Тој често јавно ги имитира своите колеги и колешки на теренот, а на социјалните мрежи велат дека им е омилен и заради играта, но и заради смислата за хумор.