(Видео) Гол маж украл полициски автомобил па се забил во дрво

Гол маж бил уапсен на Флорида откако украл полициски автомобил, а потоа завршил заглавен во шума покрај патот.

Службениците на канцеларијата на шерифот во Флорида рекоа Џошуа Шенкер (22) е уапсен откако полицијата пријавила дека гол маж трча по патот. Кога полицијата пристигнала на пријавената локација, Шенкер лежел гол на патот.

Властите потврдија дека тој украл возило од градот Џексонвил, додека снимките од локалните вести покажуваат дека станува збор за обележан полициски автомобил.

Во полицискиот извештај се наведува дека возилото, со кое Шенкер удрил во дрвјата во шумата во близина на автопатот, има оштета во износ од 10.000 американски долари.

Шенкер е префрлен во локалната болница. Се сомневаат дека бил пијан или под дејство на наркотици,  бидејќи според полицијата имале  впечаток дека се наоѓа во состојба на делириум.

Тој на крајот бил обвинет за кражба на моторно возило, одземање на службено возило и опрема, како и отпор при апсење – без насилство.

Scroll to Top