(Видео) Индиец му се моли на Доналд Трамп како на бог

Индиецот Буса го смета Доналд Трамп за бог. Тој веќе три години се моли на сликата на американскиот претседател, фотографијата од Трамп ја носи секаде со себе, а ги убедил и соседите дека молитвите до него ќе им донесат здравје и благосостојба, пренесува „Дејли мејл“.

Буса дозволил неговото семејство да си замине откако му поставиле ултиматум да избира меѓу неговата религија и верата во Трамп. Му рекле дека треба да оди на психијатар, ама Буса тврди дека не е луд и дека избрал и понатаму да се моли на сликата на претседателот на САД.

Scroll to Top