(Видео) Изгорени за мажење: Борба за бидермаерот

Снимката, споделена на Редит од шокирани гости, затоа што го доловува моментот кога невестата фрла бидермаер кон нејзините немажени девојки.

Жените се подготвуваа да го фатат букетот затоа што, според традицијата, се верува дека девојката што ќе го фати е следната што ќе се мажи . Ама една жена истрча од толпата и го грабна бидермаерот на една дама, која првично го фати.

Па се појави трета гостинка која скока и го презема букетот, борејќи се дури и со една млада жена која беше шокирана од нејзиниот потег.

Среќна за нејзината мала победа, жената го изведува победничкиот танц и се смее задоволно, додека невестата во венчаницата седи на подот и вика налутено кон неа.

Свадбата, за која  ќе се раскажува долго време, успеа да изиритира многу луѓе кои го осудија ваквото однесување.

Scroll to Top