(Видео) Ја симна маската и го лижна прстот за да отвори ќеса, среде програма во живо

Помина една година откако коронавирусот стана дел од нашето секојдневие, но се чини дека некои луѓе сè уште не ги разбираат основите на однесување за време на пандемијата и заштитните мерки кои што треба да се почитуваат за да не се пренесува вирусот.

Маски во затворен простор, како што е супермаркет, се задолжителни со причина, а рацете откако ќе го допреме производот, не треба да бидат блиску до лицето.

Сепак, еден човек во одделот со свежи производи во продавницата не само што ја спушти маската, туку и го лижна прстот за да ја отвори кесата, а потоа почна да си бира овошје.

Да бидат работите уште полоши, овој момент беше снимен на вклучување во живо во програмата на Радио Телевизија Србија.

Scroll to Top