(Видео) Ја видел девојка му во венчаница на свадба на која требал да биде кум

Пол Шопрони се изненадил кога ја видел неговата девојка Алиша Пилава од Велс во невестински фустан, на свадба на која тој требало да биде кум. Со години барал од неа да се омажи за него, но никогаш официјално не му потврдила.

На крај Алиша решила да му приреди изненадување кое никогаш нема да го заборави. Таа организирала лажна свадба на која тој требало да биде кум. Пол се шокирал кога ја видел како доаѓа во венчаница пред олтарот.

Алиша му ја испеала омилената песна, а потоа паднала на колена, па таа го побарала него за сопруг. Пол ја одбил и избегал. Нивните пријатели на крајот рекоа дека работите завршиле со среќен крај и дека двајцата се прегрнале и бакнале.

„Последните две години бараше од мене да се венчаме околу 30 пати“, рече Алиша и објасни зошто се одлучила за ваква шега.

„Пред Пол бев во брак двапати и малку се двоумев за повторно да минам низ тоа. Правеше разни работи, ќе застанеше надвор рано наутро со билборд во раце на кој пишуваше дали ќе се омажам за него. Ме срамеше често, па на крајот се решив да преземам нешто околу тоа“, рече Алиша.

Scroll to Top