(Видео) Ја водеше емисијата додека синот ѝ спиеше во скутот

By

Водителката на MSNBC, Стефани Рул, во една од нејзините емисии, во која го анализираше работењето на фирмите „Дизни“, во исто време го држеше нејзиниот син, додека тој спиеше во нејзиниот скут.

Во текот на емисијата, гледачите не можеа да видат што навистина се случува, но водителката на својот „Твитер“ профил ја објавила сникмата со нејзиниот син, што наиде на воодушевување кај корисниците.

„Запознајте го нашиот „Дизни“ аналитичар“, напиша Стефани на видеото, кое за кратко време стана вирално на социјалните мрежи. Коментари стигнувале од сите страни и сите ја пофалија дека изгледа преслатко.

„Ова е доказ дека Стефани прави сè и секогаш е лидер со нејзиното мајчинско срце“, и напишаа тие.

 

Ќе ви се допадне