(Видео) Кандидат за градоначалник на Лондон си ја испи урината

Независниот кандидат за градоначалник на Лондон, Брајан Рос, објави снимка што ја направил во 2018 година, а на која се гледа како ја пие сопствената урина.

Ова е вторпат како овој поранешен банкар ја пие сопствената урина заедно со тркачот Тимоти Шиф и објасни дека тоа и не е така лошо.

Снимката која брзо ја пренесоа британските медиуми, тој ја избриша од неговиот инстаграм-профил. Американскиот кандидат за шеф на британската престолнина нема голема поддршка кај гласачите.

Тој се кандидира за претстојните избори, кои се закажани за 6 мај. Се очекува моменталниот градоначалник Садик Кан и овој пат да победи на истите.

Рос е инаку поранешен банкар, кој станал јутјубер-теоретичар на заговори и особено се истакнал во трката благодарение на неконвенционалните содржини кои ги објавува во медиумите, вклучувајќи ја и снимката од тренинг, на која тој вели дека му останале уште само 38 дена од кампањата пред заминување во војна.

Рос во кампањата им понудил на гласачите еден нов правец за градот Лондон, во кој планира да ги унапреди здравствените служби и економското образование, а вети и дека ќе залага да бидат загарантирани сите човечки права на сите граѓани.

Scroll to Top