(Видео) Карлеуша падна во хотелската соба во Охрид додека се спремаше за настап

Пејачката Јелена Карлеуша, која вчеравечер имаше концерт во Охрид, објави видео како паѓа во хотелската соба додека се спрема за настапот. Облечена во тесен костум и високи потпетици, таа вежба кореографија за една од нејзините песни, но се сопнува и паѓа.

Видеото е хит на социјалните мрежи и се споделува со коментар дека „само вистинска ѕвезда би објавила вакво видео“.

Карлеуша дојде во Охрид со приватен авион и откри дека ова ѝ е прв концерт во низата што ќе ги одржи по почетокот на пандемијата.

Scroll to Top