(Видео) Колегите постојано му приговарале на метеорологот за лошите вести

By

Водителот на временската прогноза Гари Франк повеќе не можел да го издржи континуираното приговарање на своите колеги во студиото поради лошото време. Тој полудел среде програмата и на сите им приредил временска прогноза што ќе ја паметат долго време.

На телевизиската станица Fox17 колегите постојано го прекинувале Гари поради лошото време во Мичиген. Откако ја прелиле чашата, на Гери едноставно му се споиле жичките.

„Ме прекинувате кога и да почнам со презентација на неделната прогноза. Тука пушите и чадите. А очекувате од мене да бидам расположен. Не можам. Бидете еднаш воодушевени ѝ кажете ми како да имам одлични вести“, изјавил Гари.

Од студиото му рекле дека не можат да бидат воодушевени затоа што постојано имал лоши вести.

„Зар сакате да ја измислувам прогнозата“, се прашал Гари.

Колегите почнале да му се смеат, а тој остатокот од прогнозата го одработил со доза на сарказам.

 

Ќе ви се допадне

4Anime persona 4 the animation season 2: That Time I Got Reincarnated as a Slime (https://4anime.biz/m/DGM0) Episode 24

KissAnime kissanime boruto: My Hero Academia (https://kissanimeonline.com/m/nym) Episode 13